Flatiron Green Apartment

Flatiron Green Apartment преглед и резервации

INFORMATION


ОПИС

Flatiron apartments нуди четири луксузни апартмани, од кои три апартмани (зелен, жолт и плав апартман) се наоѓаат во резиденцијалниот комплекс Flatiron by Adora, а останатиот апартман (Flatiron Classic apartment), се наоѓа во зградата на ул.Емил Зола бр.4, која е оддалечена од комплексот  Adora Flatiron само 30-тина метри. Сите апартмани се комплетно опремени со мебел и останата опрема, со широка кујна. Тие се со големина од околу 35 м2 и се погодни за сместување на вкупно 4 лица. Во секој стан има:

  • Сигурносна врата
  • Комплетно опремена кујна
  • Луксузна спална соба со работно биро
  • Дневна соба со тросед (се спушта)
  • Климатизер/инвертер со управувач
  • 32”LCD телевизор со кабловски канали
  • Бесплатен  WIFI интернет
  • Луксузно купатило со туш кабиина
  • Фен
  • Машина за алишта
  • Пегла и даска за пеглање алишта
  • Мал француски балкон
  • Чисти пешкири и постелнина

Достапен е јавен паркинг околу зградата. Можен е и подземен 24 часовен паркинг, доколку гостинот побара, тој се доплаќа 5 евра на ден.

ЦЕНА

Flatiron apartments континуирано нуди попусти и разни поволности за гостите, зависно од времето на нивниот престој. Поради тоа потребно е да пополните формулар или директно да поднесете барање на нашата е-маил адреса и ние ќе ви ја пратиме најдобрата понуда базирано на времетраењето на престојот, бројот на лица и сезоната. Цените кои ќе ги добиете се пресметани со туристичка такса, данок и останати трошоци.

ПРИЈАВУВАЊЕ/ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување: Од 14:00 до 20:00 часот. По 23:59 часот се смета дека гостинот не се појавил.

Рано сместување, по претходна најава. Од 08:00 до 14:00 часот се плаќа 50% од цената за дневно сместување, пред 08:00 часот се плаќа целата цена.

(Деталите околу сместувањето се добиваат по одобрената резервација).

Одјавување: До 12:00 часот.

Доцно одјавување, по претходна најава. Од 12:00 до 20:00 часот се плаќа 50% од дневната цена. По 20:00 часот се плаќа 100% од цената.

ПРАВИЛА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ

За да ја загарантирате вашата резервација е вклучено претходно плаќање на 30 до 50 % зависно од траењето на престојот.

15 дена пред сместување: Целосно враќање на платениот депозит (банкарската трансакција се отстранува)

7 дена пред сместување: 50% од средствата, плус банкарските трошоци за трансакцијата.

Помалку од 7 дена пред сместување или непојавување на гостинот: НЕМА РЕФУНДАЦИЈА


BOOKING NOW


Check-in

Check-out

Number of persons

Full Name

Email

Comment