МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И НЕЗАВИСНОСТ
Музејот на македонската борба за државност и независност – Музејот на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и Музејот на жр
МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И НЕЗАВИСНОСТ
Музејот на македонската борба за државност и независност – Музејот на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и Музејот на жртвите на комунистичкиот режим е проект на Владата на Република Македонија имплементиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија.
Тој е основан со одлуката донесена од Владата на Република Македонија на 31-ви Јули 2008 година. Изградбата на Музејот започнала во 2008 година и траела 3 години. Музејот е официјално отворен на 20-годишнината од независноста на Република Македонија, на 08-ми Септември 2011 година. Тој се наоѓа во зграда со површина од 6435 м2, а изложените експонати се прошируваат на над 2500 м2.
Музејот на македонската борба, кој е специјален музеј за историски експонати, првично е наменет да ги претстави историските, културните и револуционерните традиции на Македонија и македонскиот народ во нивната напорна борба да основаат национална држава на Балканот. Тој е документиран, актуелен и објективен главен показател за најважните настани и процеси во досегашната историја на Македонија. Историските експонати ги прикажуваат сите страданија на Македонците при искажувањето на либералните гледишта, оригиналната идеја на револуциенонерната борба за слобода на Македонија, единство и создавање на независна македонска држава. Исто така, музејот го прикажува откривањето на борбената агонија која ја искусил македонскиот народ, нивниот отпор кон комунистичката диктатура, жртвувајќи ги нивните животи за независна, единствена и демократска Македонија.
Централното место во лобито на зградата е завземено од страна на Декларацијата за прокламација на независноста на Република Македонија, која е поставена во Музејот на денот на отварањето, од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.