Стара Чаршија
Стара Чаршија, Скопје, Македонија
Стара Чаршија
Старата скопска чаршија – Бит Пазар, е најпопуларна туристичка атракција во Скопје. Се наоѓа во стариот дел на Скопје, источно од реката Вардар, кој се протега од Камениот мост до Бит-Пазар. Почнувајќи од 12 век, Бит Пазар претставува центар за трговија и е еден од најголемите и најзначајните пазари на Балканот. Старата чаршија има поминато низ тешки времиња како за време на војните, така и за време на земјотресот во 1963 година. Исто така, низ вековите има поминато и низ многу културни промени. Додека ја посетувате, можете да ја почувствувате магијата на мирисот на најубавиот турски чај кој таму се приготвува, а исто така можете да ги пробате и најдобрите ќебапи во градот. Од 16-тиот век многу од тамошните занаетчии ги одржуваат некои од најстарите занаети каде рачно се изработуваат разни уметнички дела од филигран, изработки на накит од злато во познатите златарници, како и производство на познатите слатки во слаткарници во чаршијата. Повеќето од зградите што некогаш биле користени за да бидат ги сместат патниците кои често ја посетувале чаршијата или пак служеле како амами, со текот на времето биле трансформирани во музеи и галерии, кои денес се користат со главна цел за одржување на уметнички изложби, концерти и други културни настани. Најпознатите обележја на Старата чаршија се Музејот на Македонија кој се наоѓа во непосредна близина на Куршумли, Музеј на современа уметност, Мустафа-пашина џамија, Црква на Светиот Спасител, Даут-паша амам, Чифте Аамам, како и џамии, цркви и познатата Саат Кула.