Flatiron Wine Apartment
Flatiron Wine Apartment преглед и резервации
INFORMATION
ОПИС
Flatiron apartments нуди четири луксузни апартмани, од кои три апартмани (зелен, жолт и плав апартман) се наоѓаат во резиденцијалниот комплекс Flatiron by Adora, а останатиот апартман (Flatiron Classic apartment), се наоѓа во зградата на ул.Емил Зола бр.4, која е оддалечена од комплексот Adora Flatiron само 30-тина метри. Сите апартмани се комплетно опремени со мебел и останата опрема, со широка кујна. Тие се со големина од околу 35 м2 и се погодни за сместување на вкупно 4 лица. Во секој стан има:
- Сигурносна врата
- Комплетно опремена кујна
- Луксузна спална соба со работно биро
- Дневна соба со тросед (се спушта)
- Климатизер/инвертер со управувач
- 32”LCD телевизор со кабловски канали
- Бесплатен WIFI интернет
- Луксузно купатило со туш кабиина
- Фен
- Машина за алишта
- Пегла и даска за пеглање алишта
- Мал француски балкон
- Чисти пешкири и постелнина
Достапен е јавен паркинг околу зградата. Можен е и подземен 24 часовен паркинг, доколку гостинот побара, тој се доплаќа 5 евра на ден.
ЦЕНА
Flatiron apartments континуирано нуди попусти и разни поволности за гостите, зависно од времето на нивниот престој. Поради тоа потребно е да пополните формулар или директно да поднесете барање на нашата е-маил адреса и ние ќе ви ја пратиме најдобрата понуда базирано на времетраењето на престојот, бројот на лица и сезоната. Цените кои ќе ги добиете се пресметани со туристичка такса, данок и останати трошоци.
ПРИЈАВУВАЊЕ/ОДЈАВУВАЊЕ
Пријавување: Од 14:00 до 20:00 часот. По 23:59 часот се смета дека гостинот не се појавил.
Рано сместување, по претходна најава. Од 08:00 до 14:00 часот се плаќа 50% од цената за дневно сместување, пред 08:00 часот се плаќа целата цена.
(Деталите околу сместувањето се добиваат по одобрената резервација).
Одјавување: До 12:00 часот.
Доцно одјавување, по претходна најава. Од 12:00 до 20:00 часот се плаќа 50% од дневната цена. По 20:00 часот се плаќа 100% од цената.
ПРАВИЛА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ
За да ја загарантирате вашата резервација е вклучено претходно плаќање на 30 до 50 % зависно од траењето на престојот.
15 дена пред сместување: Целосно враќање на платениот депозит (банкарската трансакција се отстранува)
7 дена пред сместување: 50% од средствата, плус банкарските трошоци за трансакцијата.
Помалку од 7 дена пред сместување или непојавување на гостинот: НЕМА РЕФУНДАЦИЈА